Нега на кожа: Заштити, Подобри, Зачувај

Лозенка Павлевска Фармацевт | Dr. Hauschka
Стратум Скин Центар, Скопје МК
www.stratum.mk


Вашата кожа е вашиот посредник со надворешната средина. Клетките кои го формираат површинскиот слој на кожата(stratum corneum) се мртви, но под овој слој вашата кожа е жив систем. Живите клетки од долните слоеви на кожата постојано мигрираат кон површината и ги заменуваат мртвите клетки кои по природен процес отпаднале во текот на денот.


Хидро-липиден слој: природна заштита


Себумот излачен од лојните жлезди патува нагоре преку фоликулите на влакната и се распоредува над површинскиот слој на кожата(stratum corneum). Себумот заедно со секретот од потните жлезди го формираат природниот заштитен слој на кожата т.н. хидролипиден слој(или киселинска заштитна обвивка).


Хидро-липидниот слој е есенцијален за здрава состојба на вашата кожа. Тој ја одржува киселата pH средина која е природна бариера за навлегување и развој на микроорганизми во кожата. Хидро-липидниот слој ја штити кожата од дехидратација, помага да се задржи влажноста во епидермисот односно го спечува губењето на трансепидермалната вода. Хидро-липидниот слој ја одржува кожата мека, еластична и удобна во текот на денот и ноќта.


Нега на кожа: Заштити, Подобри, Зачувај


Негата на кожата има клучна улога во одржувањето на оптималната функција на вашата кожа. Нејзини главни задачи се:

-да се зачува и заштити надворешниот слој
-негување и подобрување на внатрешните физиолошки процеси.


Dr.Hauschka козметика ги зајакнува природните процеси на вашата кожа, создавајќи притоа природен сјаен и здрав тен.


Чистење: да се заштити

Негата на лицето започнува со чистење. Употребата на несоодветни средства за чистење може сериозно да го нарушат киселинско-заштитниот слој. Од непроценлива важност за вашата кожа е да се заштити овој слој во секојдневната рутина на чистење на кожата.


Соодветно чистење на кожата е од витално значење бидејќи со него ја заштитуваме и зачувуваме деликатната обвивка од површински мртви клетки која е наша линиска одбрана од неповолните надворешни влијанија. Со употреба на Dr.Hauschka кремата за чистење ја чистите кожата длабински и површински, а при тоа не го нарушувате хидролипидниот слој на кожата и го пратите нејзиниот здрав ритам. Многу важно е дека со оваа крема безбедно ги отсранува мртвите клетки од површината кои се спремни да бидат отстранети без иритирање на несозреаните клетки на кожата во подолниот слој.

Тонизирање: да се подобри


Тониците на Dr. Hauschka: Тоникот за лице, Тоникот за лице-специјал, Средствата за ноќно тонизирање (ампули S и N), Регенеративниот серум се дизајнирани брзо да продрат во живите клетки на вашата кожа при тоа ги зајакнуваат, подржуваат и подобруваат. Тонизирањето е важен чекор во негата на лице бидејќи ги стимулира и подржува физиолошките процеси на кожата, ги зајакнува природните активности на кожата кои се одвиваат во останатите слоеви на кожата под површинскиот stratum corneum.


Наутро Dr. Hauschka тониците за лице имаат важна дополнителна улога како медијатор помеѓу чистењето и навлажнувањето. Тониците ги носат состојките за навлажнување внатре во кожата. Навечер, овие препарати ги заменува ноќните креми и ги поддржуваат физиолошките активности на кожата. Бргу се впиваат и не пречат во процесите на елиминација и обновување на самата кожа.


Навлажнување: да се зачува

Кремата ја штити вашата кожа, ја подржува и ја хидрира во текот на денот. Секојдневно нанесуваме крема на нашето лице за да ја заштитиме нашата кожа од надворешните елементи и да ја водиме кон подобрена состојба и рамнотежа. Dr.Hauschka препаратите за нега на кожа се нежни, но пред се ефективни. Тие на кожата фукционираат холистички. Така и помагаат на кожата успешно да се регенерира и ја поддржува во процесот на враќање во балансирано здрава кожа.


Во текот на ноќта на вашата кожа не и се потребни креми.Тие ја блокираат физиолошката функција на кожата и таа не може да дише, влијаат на природните процеси на самообновување оставајќи ја слаба, летаргична и зависна.


Со виталност и сјај ќе зрачи вашата кожа само доколку ја поддржиме во нејзината сопствена моќ за регенерација. Вашата безмасна ноќна нега која се состои од чистење и тонизирање ќе го поддржи метаболизмот на кожата. Вашата кожа ке остане и понатаму здрава, цврста и балансирана.

---

Comments