Специфична нега базирана на мудроста на природата

Лозенка Павлевска Фармацевт | Dr. Hauschka
Стратум Скин Центар, Скопје МК
www.stratum.mk


Здравата кожа има важна функција како бариера со надворешниот свет. Ако оваа функција на бариера е нарушена ќе резултира со многу сува кожа, склона на иритација, може да се појави црвенило и перутање. Во овој случај, многу е важно да и се даде на кожата зајакната нега . Затоа што соодветна нега на телото води кон подобра заштита и намалена иритација.Dr. Hauschka Med продуктите за нега на кожа се развиени во соработка со искусни дерматолози и се идеални за нега и грижа на иритирана кожа, со црвенило и перутање . Овие производи и даваат на кожата доволно влажност и заштита и ја зајакнуваат природната бариера. Помагаат во обновувањето на природните масти и балансот на влажноста на кожата особено кај суви делови на кожата.


Навлажнувачката и заштитната природа на овие препарати потекнува од свежо пресуваниот сок од Ice plant. 100 % природен(чист) сок од Ice plant долготрајно ја смирува кожата.


Перфектно адаптирана сувост: Ice Plant


Субстанцијата направена од растение Ice Plant (Mesembryanthemum crystallinum) ја влажни , мазни и смирува кожата, го лекува чешањето и црвенилото. Растението Ice Plant било забележано од Waltraud Marschke,


додека работела на Канарските острови и со него почнала да експериментира. Marschke ги објавила своите откритија за растението Ice Plant, и оттогаш растението Ice Plant добива сестрани признанија за своите својства и намена.


Вирее во најжешките климатски услови


Растението потекнува од Јужна Африка, во тој регион на големи пространства расте растението Ice Plant и виреа под жешкото сонце. Тајната на ова растение е во неговите листови – тие се сирови, сочни и покриени се со мазни и остри клетки, кои сјајат на сонцето како капки од роса. Но како успеваат да задржат и да одржат толку многу вода под такви ригидни климатски услови? Растението Ice Plant го успева тоа преку специјална респираторна техника и солена солуција .


Преку ден, за време на дневна светлина, растението Ice Plant мирува (престанува да дише).Растението Ice Plant ги затвора своите отвори во текот на денот, со што го намалува губењето на течности за 90 %. Процесот на дишење повторно започнува по заоѓањето на сонцето.


Природно задржување на влажност


Но тоа не е се. Растението Ice Plant има уникатна способност да задржи сол (Натриум хлорид), навистина чудно но вистинито, бидејќи вообичаено растение умира ако дојде до контакт со премногу сол. Растението Ice Plant кое расте во крајбрежни региони, всушност абсорбира сол од воздухот (ако земјата не е доволно солена). Солта потикнува производство на овошни киселини во самото растение. Тие пак се комбинираат со шеќерен алкохол, магнезиум и пролин (амино киселина), произведуваат субстанција која има природна моќ да задржи влажност. Оваа субстанција му овозможува на растението Ice Plant да ја задржува и да ја корегира влажноста во средината. Ова може да биде демонстрирано преку отсекување на еден лист од растението Ice Plant и да се стави на маса без вода. Тоа ќе остане свежо и по неколку недели.


Специјално формулирани за многу сува кожа:


Надворешниот слој на клетките на кожата (епидермисот) е заштитен од различни амино киселини (излачени од телото), кои се наоѓаат на или во клетките. Тие ги сплотуваат клетките и превенираат губењето на премногу влажност преку надворешниот слој на кожата (трансепидермално губење на вода). По ефективно надворешно нанесување на влажност и масла , кои кореспондираат со амино киселини кои се наоѓаат во човековата кожа, доаѓа до зголемување на природните заштитни функции. Затоа Dr.Hauschka Med производите за кожа содржат свежо пресованиот сок од растението Ice Plant и комбинација на разновидни природни масла кои се слични на оние на човековата кожа.


Со нивната заштитна и балансирана содржина Dr.Hauschka Med продуктите даваат повеќе од основна нега и помагаат во одржувањето на здрава кожа.

---

Comments