Регенеративна нега на кожа - Безвременска убавина

Лозенка Павлевска Фармацевт | Dr. Hauschka
Стратум Скин Центар, Скопје МК

www.stratum.mk


Процесите на старење на кожата се потполно природни и ни се случуваат на сите нас. Не можеме ништо да направиме за да го вратиме времето назад, но негата на кожа која ја поттикнува и подржува сопствената активност на кожата сигурно може да помогне во успорувањето на процесот нејзиното стареење.


Др. Хаушка Регенеративниот серум и Регенеративната дневна крема се идеални препарати за зрела кожа кои ја користат силата на природата за да ја подржат и зајакнат виталноста на кожата.


Што се случува на кожата во тек на стареење?

Околу четирисетата година виталноста на кожата почнува да се намалува. Се намалува создавањето на себум и одржувањето на влажност што значи дека кожата е помалку заштитена, станува поосетлива и помалку отпорна на надворешните влијанија. Кожата станува посува и помалку еластична што резултира со создавање на бори. Иако и е намалена виталноста на кожата, таа се уште е присутна и треба да ја подржиме за да може да остане во нормална состојба. Стареењето на кожата е втор циклус во природниот ритам на вашата кожа.


Секој Др. Хаушка препарат од регенеративната линија е осмислен за даде стимул за позитивни промени во изгледот на кожата. Регенеративната линија е врвен програм чиј што состав е прилагоден на потребите на зрелата кожа.

Растенијата кои се користат во Др. Хаушка регенеративната линија:

Црвена детелина – полски цвет богат со изофлавоноиди

Црвенета детелина расте скоро на секоја ливада. Самиот цвет се состои од многу латици кои ги опрашуваат бумбарите. Црвената детелина изобилува со изофлавоноиди кои се познати и како фитоестрогени. Овие супстанции ја штитат кожата од прерано стареење. Др.Хаушка регенеративната линија содржат посебни сертифицирани екстракти од црвена детелина која е органски одгледана. Посебноста на ова растение е што пред да се употреби за добивање на препарати, екстрактот дозрева седум дена во големи камени садови. Секое утро и вечер вработените во Вала ( компанијата која ја произведува Др.Хаушка козметика) ги мешаат ектрактите и пуштаат одредена количина на светлост до течноста која инаку се чува во темна просторија. Овој ритмички процес овозможува делување на поларитетите на ектрактот.


Бриофилум

Гроздови на нежното растение цветаат од острите листови. Само што ќе паднат на земја бргу пуштаат корен и израснува ново растение. Заради тоа го добило и народното име Мајка на илјадници. Листовите и стеблото на ова тропско растение се вистински природен резервоар на вода. На површината на растението има восочна обвивка која го спречува испарувањето на водата. Оваа влага од бриофилумот е идеална за ревитализација на кожата. Покрај тоа делува и атнивоспалително.


Надавка (Equisetum arvense)

Ова растение многу лесно се препознава. Заради големата количина на силициумова киселина присутна во ова древно растение тоа е грубо на допир. Пред неколку милиони години Земјата била прекриена со шуми од надавка. Во тие древни времиња надавката растела и до 30 метари во висина за разлика од тогаш денес достигнува раст од скромни 50 см висина. Силициумовата киселина што се содржи во надавката го јакне и зацврстува сврзното ткивото.


Малина

Чувствителната кожа заслужува посебна нега .Затоа и во Др.Хаушка регенеративната крема како состојка го има маслото од семенките на малина кое е богато со витамин Е, каротеноиди и линолеинска киселина, кои ја одржуваат виталноста на кожата.

---


Comments