Ритамот носи живот

Лозенка Павлевска Фармацевт | Dr. Hauschka
Стратум Скин Центар, Скопје МК
www.stratum.mk



Целиот живот – целата природа има ритам. Ние тоа го чувствувме во промените на сезоните, го гледаме во одливите на океаните, го приметуваме во цвеќињата кога цветаат на пролет. Ние, луѓето, исто така имаме ритмови кои ни го одржуваат функционирањето. Тоа е редовното чукање на нашите срца, тоа е во нашата циркулација во вените, тоа е во циклусот на 28 дена од обнова на нашата кожа....


Кога ритамот се следи и негува, растенијата, животните и човекот можат да живеат здраво, тоа е природниот баланс. Во препаратите на Др. Хаушка козметика се вметнати состојки кои ја содржат виталноста иста како во природата, одржувајќи го интегритетот на растенијата и така ги правиме нашите продукти единствени и ефективни. Здрави ритмови креираат балансирани состојби, потикнуваат враќање на здрава кожа и доведување до сјајна убавина.


Ритамот е срцето на Др. Хаушка козметиката. Од нашето Биодинамичко растење и методите на берење на лековитите растенија до нашите единствени техники на процесирање, формулација на продуктите и третманите. Ритамот останува клучот на успехот.


Што е биодинамичко одгледување?


Оваа метода градината ја користи како затворен круг. Земјата за пресадување, семињата и компостот настануваат во оваа градина, а затворениот циклус во природата е основен предуслов за здрав раст и виталност на растенијата. При одгледување на растенијата не се користат хемикалии, пестициди или вештачки ѓубрива.


Големо значање во работата со растенијата има и работата со раце.Сеењето берењето, обработката на земјата, се одвива рачно.


Градинарите на ВАЛА ( компанијата која ја произведува Др.Хаушка козметиката) при сеењето и жетвата го следат природниот ритам што резултира со зголемување на цврстината и здравјето на билките.


Берењето на растенија се одвива во оптимално време односно во раните утрински часови кога растенијата се свежи и силни.


Градините на ВАЛА во кои се одгледуваат лековити растенија имаат сертификат за биодимичко одгледување. Овие лековити растенија се вистинска основа за ефективни високвалитетни производи на Др.Хаушка козметиката.


Ритмички процеси на производство


Водените екстракти на лековитите растенија се добиваат со единствени ритмички процеси кои ги вовел Др.Хаушка со кои е сочувана виталноста на растенијата.


Свежо набраните лековити растенија се иситнуваат и се прелеваат со чиста изворска вода и се третираат со ритмички процеси. Во текот на седум дена секое утро и вечер растенијата се изложени на различни ритмови кои се менуваат :


топлина и ладно, мирување и движење, светлина и темнина. По вкупно 7 дена мешавината се пресува и филтрира. Остатокот од растителниот материјал се суши, спалува и се претвара во пепел. Дел од пепелот се меша со филтратот, а преостанатиот дел се враќа во градината и станува дел од компостот.


Вака припремениот екстракт се остава да зрее една година, а потоа се употребува за производство на препарати.


Името на компанијата ВАЛА ( WALA), всушност потекнува од постапката која во ритмичките процеси на производсто има важна улога Warmth (топлина), Ash( пепел), Light ( светло) и Ash ( пепел)


Нега во согласност со природните ритмови


Нашата кожа ги сокрива сопствените ритмови на пример површинскиот слој на кожата се обновува за 28 дена. Кожата различно се однесува преку ден и навечер. Др.Хаушка козметиката ги подржува овие ритмови и со тоа ја стабилизира сопствената активност на кожата.


Др.Хаушка кремата за чистење го прати ритамот на обнова на површинскиот слој на кожата. Оваа крема ја чисти кожата , односно безбедно ги отстранува мртвите клетки од површината кои се спремни да бидат отстранети без иритирање на несозреаните клетки на кожата и без отстранување на хидролипидниот слој.


Затоа што го пратиме природниот ритам на кожата кај Др.Хаушка козметиката ноќната нега е на водена база. Немасната ноќна нега го подржува здравиот ритам на кожата. Кожата која правилно е исчистена се чувствува пријатно по чистењето. Замената на ноќниот крем со препарат на водена база ќе и овозможи на кожата да ги спроведе здравите процеси во текот на ноќта.

---

Comments